декември 2, 2021

1-ви декември Светскиот ден за борба против СИДА

1-ви декември Светскиот ден за борба против СИДА Црвен Охрид го одбележa со низа активности. Со цел да се подигне нивото на свеста во јавноста за СИДА и изрази поддршка на оние кои што живеат со ХИВ, на 1 ви декември волонтерите на Општинска организација Охрид на минувачите, на вработените и посетителите во градските кафулиња, маркети, продавници, учениците во средните училишта им ставаа црвени панделки како универзален симбол за свеста дека СИДА-та постои и како поддршка на оние кои живеат со СИДА, ги едуцираа со корисни совети за начинот на превенција и заштита од ХИВ/СИДА, а беа делени и едукативни флаери за начинот на пренесување, превенција и заштита од инфекција со ХИВ вирусот.
Активностите продолжуваат и во текот на Неделата на борба против СИДА од 1-7 декември 2021 со реализација на интерактивни едукативни работилници за младите и обука на врсничи едукатори за ХИВ/СИДА .
И оваа година активностите во кампањата за борба против ХИВ/СИДА се во соработка и поддржани од Canadians For Children At Health Risk
< врати се назад