декември 9, 2024

1-7 ДЕКЕМВРИ – НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА

Во текот на оваа недела, врсничките едукатори од Црвен крст Охрид одржаа 3 врснички едукации во основните училишта во нашиот град и во просториите на Црвен крст Охрид. Едукациите беа посветени на зголемување на информираноста за ХИВ/СИДА, начини за превенција и намалување на стигмата поврзана со ова заболување.

Едукациите се реализираа во:

– 02.12.2024 – ООУ „ДЕБРЦА”

– 04.12.2024 – Црвен крст Охрид

– 06.12.2024 – ООУ „Кочо Рацин”

Дополнително, во просториите на Црвен крст Охрид се одржа креативна работилница за изработка на црвени панделки, кои го симболизираат поддршката и солидарноста со лицата кои живеат со ХИВ/СИДА. Оваа активност беше насочена кон кревање на свеста и поттикнување на заедницата да се вклучи во борбата против стигмата и дискриминацијата.

Одбележувањето на Неделата за борба против ХИВ/СИДА е од исклучителна важност, бидејќи ја истакнува потребата за превенција, едукација и грижа за здравјето. Преку вакви активности, испраќаме порака дека свеста и информираноста се најсилните алатки за справување со предизвиците на оваа глобална епидемија.

Благодарност до сите ученици, наставници и волонтери што се вклучија во овие активности и ја поддржаа мисијата на Црвен крст Охрид за создавање посигурна и информирана заедница.

#ЦрвенКрстОхрид#ХИВСИДА#Превенција#Свест#Поддршка#Образование#ЗдравјеЗаСите

< врати се назад