мај 31, 2023

Видео мониторинг во строго заштитените зони од Национален парк Галичица

Во соработка со National Park Galicica и Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид, пред извесно време започнавме акција за видео мониторинг во строго заштитените зони од националниот парк.
Целта на мониторингот е следење на влијанието од присуството на луѓето врз природата.
 
Во оваа прилика, Ви пренесуваме дел од богатото животинско царство од Галичица, на чело со Неговото Височество Рисот, а тука се секако и срните, волците, мечките, дивите мачки и др.
 
Жалиме што во оваа прилика немаме можност да Ви презентираме повеќе од огромниот фонд на фото и видео материјали, но ветуваме дека ќе дополниме наскоро.
 
Уживајте во материјалот и Ве молиме, почитувајте ја и сакајте ја природата, движете се само по обележаните патеки во паркот, за да не им се нарушува мирот на овие прекрасни суштества.
 
 
 
 
 
 
 
 
0:09 / 0:10
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
0:02 / 0:10
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад