УСПЕШНА БРЕИНОБРЕИН ПРИКАЗНА
Заокружуваме уште еден пролетен циклус на Бреинобреин програмата која веќе 11 година се имплементира во Центарот за развивање на животни вештини при Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска Организација Охрид. Горди сме што оваа програма ја проследиле или ја следат преку 500 ученици, на 10 генерации на ученици кои успешно и целосно ја завршиле истата. И сите тие преку оваа програма имале можност да ја почувствуваат и научат најважната животна лекција, дека успехот е поврзан со акција и посветеност, страст и љубов. Успешните луѓе продолжуваат да се движат. Тие дури и да направат грешки не се откажуваат. Не се откажуваат и нашите Бреинобреин мозочиња кои и по завршување на Бреинобреин академијата сѐ уште се на пиедесталот на скоро секое важно натпреварување.
Успесите кои ги нижат еден по еден нѐ прават горди. Се радуваме на секоја добиена диплома, медал или потврда за учество. Аплаудираме за посветеноста која ја покажуваат и навиваме за мотивацијата со која влегуваат во секоја дадена прилика да ја покажат својата посебност.
Дека ова е нешто што се повторува секоја година, го потврдуваат и најновите успеси на нашите Бреинобреин генијалци:
*Леонид Тодороски-државен првак по математика и државен првак по биологија, сребрен медал на ЈММО -Јуниорската македонска математичка олимпијада и единствен охриѓанец како дел од екипата која ќе ја претставува нашата земја на 25. Јуниорска Балканска Математичка Олимпијада ;
* Иван Синадиноски-државен првак по природни науки, прво место и награда на регионалниот натпревар математика, сертификат за учество на математички државен електронски натпревар ПИ-ДЕН ;
*Лана Трпкоска – втора награда на државен натпревар по природни науки;
*Борче Исакоски – трета награда на ЕПО олимпијада по физика, второ место на државниот натпревар по географија и сребрен медал на државниот натпревар по народна техника во областа на обновливите извори на енергија;
*Елена Стојоска-втора награда на државниот натпревар по математика и пофалница на државен натпревар по физика;
*Атина Рувинова-бронзен медал на европска олимпијада по физика, прво место на државен натпревар по информатика и прво место на регионален натпревар по информатика;
*Матеј Исакоски -бронзен медал на државниот натпревар по народна техника во областа астронаутика;
*Михаела Бабаче -пофалница на државен натпревар по физика;
*Марија Лазаревска-прва награда на регионален натпревар по математика;
*Марко Ѓоргоноски –втора награда на регионален натпревар по математика;
*Славчо Мургоски – пофалница на регионален натпревар по математика, трето место на регионален натпревар по физика, пофалница на државен натпревар – Народна техника;
*Стефан Мургоски-трето место општински и пофалница на регионален натпревар по математика;
* Јана Џамтоска-освоена трета награда на регионален натпревар по биологија, трета награда на регионален натпревар по физика, сертификати за учество на математички државен електронски натпревар ПИ-ДЕН и државен натпревар по физика;
*Максим Нелоски-прва награда на општински натпревар по математика;
*Лука Наум Костадиноски-втора награда на општински натпревар по математика;
*Мартин Петковски – учество на онлајн работилница за продукција на кратки филмови на тема ,,Заштита на животна средина” на германски јазик со обучувачи од Лондон, учество на натпревари математика и физика во Јахја Кемал;
*Илија Петковски-учество на општински натпревар по природни науки.
Акцент ставивме на ученици кои целосно ја завршија БОБ програмата. Ученици кои од 4-5 годишна возраст своите почетоци ги бележат во нашиот центар.
Ќе ги споменеме и успесите на нашите ликовни таленти на разни конкурси и натпревари Стефанија Јанеска, Ристе Кузманоски, Полина Божиновска (најдобра илустрација за насловна книга на училиште во Мелбурн –Австралија), успесите на нашите спортски таленти : Еранд Зиба, Иво Недевски, Дејан Цветкоски, Бесир Далипи, Лана Трпкоска, Владимир Рувина, музички таленти: Габриел Наумоски, Лео Нелоски, Димитриј Питроповски, Давид Попоски. Наум Цветкоски како главен детски лик во филмот на Илија Пиперкоски,„ Дедо и внук„ продолжува да нижи успеси на престижни филмски фестивали. Листата не е конечна. Ве има уште многу и насекаде.
Повторно ќе се навратиме на успехот на Центарот за развој на животни вештини Бреинобреин -Црвен крст Охрид што го постигна на 9 јануари 2021 год. со своите 52 претставници во различни возрасни категории на 6-от Интернационален онлајн абакус натпревар , во конкуренција на 25 000 натпреварувачи од 45 земји учеснички, 14 трофеи (највисоко признание), 22 златни медали и 16 сребрени медали.
БОБ центарот на Општинска организација Охрид се гордее и со успесите и постигнувањата на инструкторите кои ја реализираат програмата : Билјана Николоска- завршено осмо ниво, уште две нивоа ја делат од највисокото десетто ниво, Христина Кузманоска-инструктор кој оваа година ја комплетира програмата и се стекна со сертификат за успешно завршена програма – 10 ниво, Валентина Кузманоска, координатор и инструктор во програмата, прв тренер во Македонија со завршено 10. ниво, а од неодамна именувана и високо рангирана на листата за звање наставник-ментор од страна на МОН, БРО-РСМ. Секако нашите успеси се должат и на несебичната поддршка што ни ја даваат родителите.
Нашите Бреинобреин генијалци се амбасадори не само на нашиот центар, тие се амбасадори и на нашиот убав Охрид и нашата држава. Тимот на БОБ на сите дечиња и нивни ментори им честита за освоените награди и им посакува успех и на претстојните олимпијади.
Тимот на Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид заминува на заслужен летен одмор по што од септември најавуваме уписи за нови ученици и нови возбудувања, креативни содржини, стекнување на нови животни вештини, здрави навики, забава, дружење, хуманост.