Употреба и заштита на амблемот

        Амблемот Црвен крст има историска вредност како симбол на човековата хуманост.
Црвениот крст на бела основа е симбол за непристрасна и неутрална помош за лицата на кои таа помош им е потребна. Негова цел е да ги заштити жртвите и оние кои им помагаат.
Употребата и заштитата на амблемот е регулирана со Меѓународното хуманитарно право и со националното законодавство на Република Македонија.
Црвениот крст на Република Македонија, како дел од семејството на Меѓународното движење на Црвен крст и Црвена полумесечина, се грижи за правилната употреба и заштита на амблемот.
Историја на амблемот Црвен крст
        Поради потребата од единствен, универзален и лесно препознатлив амблем кој би ги олеснил хуманитарните активности во случај на војна, кон крајот на 19 век беше иницирано донесувањето на таков симбол.
Пред да биде прифатен амблемот Црвен крст, медицинските служби на секоја армија во Европа имале свое сопствено обележје. На пример, Австрија користела бело знаме, Франција црвено, а Шпанија жолто.
Поради тоа, медицинските служби не се сметале за неутрални, туку како дел од борбените единици. Не само што овие обележја не обезбедувале заштита на медицинските единици туку исто така биле и цел на директен напад.
Идејата била амблемот да ги означува не само лицата ранети во битките и оние кои им пружаат помош, туку и сите медицински единици вклучувајќи ги и оние на непријателот, а се со цел да ги натера борците на воздржување и почит.
На Меѓународната конференција во Женева во 1863 година е прифатен амблемот – Црвен крст на бела основа, а на дипломатската конференција во 1864 во Женева и официјално усвоен со негово санкционирање во Меѓународното хуманитарно право во Првата Женевска конвенција донесена на оваа конференција.
Историја на амблемот Црвен крст
red_cross
Меѓународен комитет на Црвен крст (МКЦК).
Независна, неутрална и непристрасна хуманитарна организација формирана во 1863 година, промотор на Меѓународното хуманитарно право, дејствува во време на вооружени меѓународни и внатрешни конфликти.

downloadНационални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Дејствуваат во своите држави со активности на хуманитарен план преку реализација на програми.
Денес во светот се признати 186 национални друштва.

International_Red_CrossМеѓународна федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Основана во 1919, работи на зајакнување на капацитетите на Националните друштва за спроведување на нивните активности пред се на здравствен и социјален план и подготвеност при катастрофи.

Амблеми

Амблемите се усвојуваат на Дипломатска конференција во Женева од страна на државите потписнички на Женевските конвенции и Дополнителните протоколи.

Признати:

ls
Црвен крст на бела основа во 1864 година, обратно од боите на знамето на Швајцарија во чест на Анри Динан, основоположникот на Црвениот крст.
icrc-crЦрвена полумесечина на бела основа во 1929 година.RedLionandSun
Црвен лав и сонце на бела основа во 1929 година, но не е во употреба од 1980 година.red-flag-clip-art-922041
Црвен кристал на бела основа во 2006 година.

                              Во употреба:

ls icrc-cr red-flag-clip-art-922041

 

Употреба и заштита

Употребата и заштитата на амблемот е регулирана со Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителните протоколи од 1977 година (I и II), Дополнителниот протокол од 2005 година (III), Меѓународните правила на Движењето нза користење на амблемот, а во Република Македонија со Законот за Црвен крст на Република Мкедонија и Правилата за употреба и заштита на амблемот на Црвениот крст на РМ.

Амблемот е симбол кој има две различни употреби:

  • – Индикативна (показна) во мирно време,
  • – Заштитна за време на вооружен судир.

Индикативната употреба означува:

  • – Лица, возила и објекти кои се поврзани со Меѓународното движење на црвен крст и Црвена полумесечина;
  • – Меѓународен комитет на Црвен крст;
  • – Национално друштво;
  • – Меѓународна федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина;
  • – Медицински возила и станици за прва помош, под услов амблемот да се користи согласно со националното законодавство и со овластување на Националното друштво.

Кога се употребува во индикативна намена амблемот мора да биде со помала димензија и служи како потсетник дека компонентите на Движењето работат во согласност со Основните принципи: хуманост, непристрасност, неутралност, независност, доброволна служба, единство и универзалност.
За оваа цел, амблемот мора да биде придружен со името на Националното друштво или неговите иницијали.
Членовите може да го носат амблемот, само додека се ангажирани во некоја активност за националното друштво.

Заштитната улога според Женевските конвенции и Дополнителните протоколи се однесува на:

  • Медицински и религиозен персонал, објекти, возила и матерјали на вооужените сили;
  • Медицински единици и транспортни средства на Националните друштва, кои се користат за помош на медицинските скужби на вооружените сили;
  • Лица, објекти, транспортни средства и матерјали на Меѓународниот комитет на Црвен крст;
  • Цивилни болници и други медицински капацитети признати од Владата и со овластување за користење на амблемот;
  • Други хуманитарни организации призанти од Владата и со овластување за вршење на медицинска дејност.

Кога амблемот се користи како заштитно средство мора да се истакнува во неговата чиста форма, односно не смее да се додава ништо на амблемот. Бидејќи амблемот мора да биде препознатлив од што е можно подалеку, мора да има големи димензии.

Злоупотреба на амблемот
Секоја употреба на амблемот што не е јасно овластена со МХП и домашното законодавство претставува злоупотреба.
Злоупотребата на амблемот за заштитни цели за време на војна го загрозува системот на заштита доделен со МХП.
Злоупотребата на амблемот за индикативни цели го потценува имиџот во очите на јавноста и последователно ја намалува неговата заштитна моќ за време на вооружен судир.
Секоја држава потписничка на Женевските конвенции има обврска да преземе мерки за спречување и казнување секаква злоупотреба на амблемот во секое време и мора конкретно да усвои пропис за заштита на амблемот.

Видови злоупотреба

  • Имитација – Употреба на знак кој по својата форма и/или боја може да предизвика конфузија со амблемот(пр. слични бои или дизајн, некогаш за комерцијални цели).
  • Узурпација – Користење на амблемот од неовластени групи и лица(комерцијални фирми, приватни лекари, фармацевти, невладини организации и др.).
  • Измама – Сериозна и перфидна злоупотреба на амблемот, кога истиот се користи за време на вооружен конфликт како средство за заштита на вооружени борци или воена опрема(на пример:за амбулантни возила или хеликоптери кои пренесуваат вооружени борци или на складишта со муниција). Перфидното користење на амблемот е воено злосторство и во меѓународни и во внатрешни вооружени конфликти.
Амблемот Црвен крст во Република Македонија

Во Република Македонија амблемот на Црвениот крст е Црвен крст со пет еднакви квадрати на бело поле.

Со Законот за Црвениот крст на Република Македонија се регулирани прашањата за употребата и заштитата на амблемот Црвен крст, во согласност со Женевските конвенции.

Република Македонија во 1993 година ги потпиша Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителните протоколи од 1977 година. Црвениот крст на Република Македонија спроведува активности за промовирање на улогата, правилната употреба и заштита на амблемот и укажува во ситуации на негова злоупотреба Во текот на 2006 година Црвениот крст на Република Македонија спроведе испитување за употребата, односно злоупотребата на амблемот, преку општинските организации на црвениот крст на подрачјата каде делуваат. Испитувањето ја прикажа состојбата за односот кон прашањето на употребата и заштитата на амблемот, односно ја наметна потребата од постојани активности за промовирање на правилната употреба и предлагање на мерки пред надлежните органи за спречување на неговата злоупотреба.

Црвениот крст на Република Македонија во 2007 година реализираше кампања за правилна употреба на амблемот Црвен крст во Република Македонија и заштита од негова злоупотреба од страна на неовластени субјекти, под мотото СИМБОЛ ЗА ПОЧИТ

< врати се назад