октомври 10, 2024

СВЕТСКИ ДЕН НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

Секоја година на 10 октомври се одбележува СВЕТСКИОТ ДЕН НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ. Годинава, темата на којашто се одбележува овој значаен датум е „Важноста на менталното здравје на работното место“ .

Црвен крст Охрид и оваа година се приклучува кон одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје, изразувајќи ја на тој начин својата заложба за промоција на менталното здравје како витална компонента на општото здравје. По овој повод, Црвен крст Охрид организираше едукативна работилница насловена „Burnout синдром на работното место“.

Работилницата ја одржаа Ранко Раткушиноски, психолог, и Катерина Наумоска, проектен координатор .

НЕМА ЗДРАВЈЕ БЕЗ МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ!

< врати се назад