јуни 14, 2023

СВЕТСКИ ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО

Светскиот ден на крводарителството секоја година се одбележува низ светот на 14 јуни. На овој ден во 1868 година е роден Карл Ландштајнер, истакнат лекар, биолог и биохемичар, кој ги пронајде крвните групи и резус-факторот на крвните групи и во негова чест се одбележува овој ден.
Светскиот ден на крводарителството годинава се одбележува под мотото “Донирајте крв, донирајте плазма, споделете живот, споделувајте често.” Целта е да се подигне свеста за обезбедување на поддршка за пациентите на кои им е потребна доживотна поддршка од крв како и улогата на секој поединец кој го дава највредниот подарок – крв или крвна плазма.
 
Крводарителството во Република Северна Македонија се темели на принципите на доброволност, анонимност, бесплатност и солидарност. Само ваквите принципи обезбедуваат посигурна крв и крвни продукти. Со самото дарување крв, крводарителот изразува највисок степен на солидарност со сите оние на кои таа им е потребна, без оглед на возраст, пол, раса, боја, национална и верска припадност. Не постои похуман и поблагороден чин од доброволното дарување на крв и спасување на човечки живот.
 
Почитувани крводарители,
Вашата хуманост и подготвеност да дарувате крв спасува многу животи и го прават побезбедно нашето општествено опкружување. Вие сте пример на луѓе кои целиот свој живот ја негувате и промовирате солидарноста преку споделување на дел од себе за подобро здравје и среќа на други луѓе на кои им е потребна поддршка. Горди сме што крводарителите се препознатливо обележје на Црвениот крст. Се радуваме што крводарителите ги споделуваат нашите вредности и принципи. Искрена благодарност за сите ваши хумани дела, за секое ваше крводарување, за секоја капка крв која буди надеж, обезбедува помош – раѓа нов живот.
Ви посакуваме добро здравје продолжете да донирате крв, плазма, споделете живот, споделувајте често.
 
Можно е да е слика од текст кој вели „upBeH PC Krygi Kuni peny6лиKa ceBepHa maKeAoHиja Republikes Magedonisése Veriut Red Cross Republic 0 North Macedonia 14 лyHи cBeTcKи AeH Ha KpBoAapиTeлcTBo 14 Qershori Dita botërore e dhurimit të gjakut June 14 World Blood Donor Day AoHиpaTe KpB, AoHиpaTe nлa3ma, cnoAeлeTe жиBoT, cnoAeлyBajTe 4ecTo Dhuroni gjak, dhuroni plazme, ndani nje jete, ndani shpesh Give blood, give plasma, share life, share often“
 
 
 
 
< врати се назад