
март 27, 2025
СВЕТСКИ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ ТУБЕРКУЛОЗА
Во рамките на одбележување на Светскиот на борба против туберкулоза на редовниот состанок на Клубот на млади при Црвен крст Охрид на 26.03.2025 се одржа едукација на тема „ДА! МОЖЕМЕ ДА СТАВИМЕ КРАЈ НА ТБ…“.
На оваа едукација волонтерите имаа можност да научат некои карактеристични симптоми за туберколозата и нивна превенција .
Едукацијата беше одржана од страна на долгодишен волонтер, демонстратор, тренер за прва помош – др. Георги Ставрески.


