октомври 7, 2023

РАЗВИГОРЧЕ

Веќе е познато дека климатските промени се општествен проблем и нивните последици се распространети низ целиот свет.
Отсуството на екологијата оваа година беше поттик за создавање не еден, туку ДВА еколошки проекти како дел од ПХВ-ЦКА 2023 во Охрид.
Еден од тие проекти се насочи кон зголемување на еколошка едукација кај најмладите генерации – иднината на нашето општество.
Овој тим, во соработка со децата и стручниот кадар во градинката “Развигорче”, организираа еколошко-едукативни работилници. Овие работилници беа издржани на начин кој на нив беше најзабавен, но воедно и најразбирлив.
Останатите активности вбројуваат:
прошетка до просториите на ООЦК Охрид,
организирање на еколошка акција,
средување на дворот на градинката.
Работата со деца не остава никого рамнодушен. Нашите младинци со својата позитива и добро расположение создадоа блискост со дечињата и засекогаш ќе останат во нивните сеќавања како хероите на планетата кои на себе носат црвено-бел амблем!
Семчињата:
Стефанија Настоска
Сара Ристоска
Петар Целакоски
Мартина Анастасијевска – ментор
GCSC5T6ZGG3Q5PNCBXIGZ2NFNXJW4EIIUJ67MNCCBSTXNPM733EQFND4
 
< врати се назад