Никола Тесла: Неговиот живот, Пронајдоци и Наследство
По повод 168 годишнината од раѓањето на големиот визионер и научник, Никола Тесла (род. 10.07.1856), Црвен крст Охрид во партнерство и соработка со организацијата Canadians For Children At Health Risk, од Торонто, Канада организира инспиративна, едукативна, онлајн работилница на тема МЛАДИТЕ И НАУКАТА, а со наслов „НИКОЛА ТЕСЛА: НЕГОВИОТ ЖИВОТ, ПРОНАЈДОЦИ И НАСЛЕДСТВО“.
Домаќини на оваа работилница, која ќе се одржи на 10.07.2024 г. (среда) со почеток во 20:30 ч. во просториите на Црвен крст Охрид, ќе бидат младите волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, а добредојдени се сите оние кои сакаат да дознаат нови, интересни детали од животот и работата на Никола Тесла.
Работилницата на англиски/српски јазик, ќе ја води пензионираниот универзитетски професор Др. Мајда Ѓорѓевиќ, од Образовната Корпорција „Никола Тесла“, Хамилтон Онтарио, Канада.
Работилницата онлајн ќе ја следат и млади од организации на Црвен крст од регионот, со кој соработува Црвен крст Охрид.
