Недела за борба против ХИВ/СИДА
Во рамки на светската кампања под мотото “ДОЗНАЈ ГО СВОЈОТ СТАТУС” Црвен крст Охрид ја одбележа Неделата за борба против ХИВ/СИДА (1-7.12.2018г.) со неколку едукативни работилници.
Во текот на оваа недела едукаторите за ХИВ/СИДА на Општинска организација Охрид реализираа интерактивни едукативни предавања, работилници и трибини за младите во просториите на Црвен крст Охрид и во училиштата. Во основните и средните училишта беа дистрибуирани типизирани предавања со цел учениците да се запознаат со основните знаења за вирусот на ХИВ, начин на пренесување и заштита. Со едукативни здравствено превентивни предавања беа опфатени основните училишта: ООУ„Христо Узунов“ и ООУ„Григор Прличев“, како и средните училишта ОСУ„Кирил и Методиј“, ОСУ„Св Климент Охридски“, ОСУ „Ванчо Питошески“ и ОСУ„Св Наум Охридски“. Предавањата беа интерактивни и активно учествуваа околу 400 ученици. Во соработка со Центар за јавно здравје Охрид и ЗГ Опција Охрид се одржаа и едукативни работилници во казнено поправните установи во Охрид и Струга..
Активностите кои секоја година се организираат по повод Светскиот ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА имаат за цел да го свртат вниманието на јавноста за значењето на превенцијата и раното откривање на инфекцијата со ХИВ вирусот.