НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДТА
Црвен крст Охрид под мотото “Помислете и на нас” и оваа година ја реализираше кампањата по повод Неделата на борба против гладта (16-22 октомври).
Продолжуваме со поделба на хуманитарни пакети по повод Неделата на борба против гладта.
Во текот на оваа недела се поделија хуманитарни пакети на 50 социјално загрозени семејства обезбедени од страна на компанијата Костал Македонија.
Денеска со поддршка на Canadians For Children At Health Risk, 10 семејства од социјален ризик од Охрид добија хуманитарни пакети со прехранбени продукти и со средства за хигиена.
Се заблагодаруваме на сите помагатели во оваа акција и ги охрабруваме сите компании, фирми и поединци да ја препознаваат хуманитарната активност на Црвен крст и да ја искажат својата хуманост преку нашите активности.
Благодарност до сите кои се вклучија во одбележувањето на оваа недела и со своите хумани акти придонесоа кон пружањето помош на оние кои им е најпотребна.