Меѓународна соработка

Црвениот крст на Република Македонија е формиран на 17 март 1945 година а самостојно дејствува и работи како национално друштво од 21 мај 1992 година. Црвениот крст на Република Македонија е признат од Меѓународниот Комитет на Црвен крст на 01 ноември 1995 година и е примен како полноправен член на Меѓународната Федерација на Друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина на 27 ноември 1995 година.

Една од примарните задачи на националното друштво претставува ефективно и континуирано градење на партнерски односи и соработка преку имплементација на програмски и проектни активности со партнерски организации насочени за помош и поддршка на различни целни групи. Во изминатиот период, Црвениот крст на Република Македонија континуирано го надградува свој препознатлив имиџ во Република Македонија и Движењето. Разновидноста на нашата организација има голема практична вредност која ни овозможува да стигнеме до повеќе луѓе со поширок опсег на активности. Најважниот предизвик за организацијата е обезбедување континуитет на планот на меѓународна програмска и проектна поддршка за имплементација на активностите на националното друштво. Тоа се остварува преку иновативно, транспарентно и ефикасно работење за да се задржи интересот на партнерските организации за мобилизирање и обезбедување фондови за имплементација на програми и проекти на Црвениот крст на Република Македонија.

Плодната соработка со компонентите на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина, со агенциите на Обединетите Нации, Европската Унија и други меѓународни организации и дипломатски претставништва, овозможи Црвениот крст на Република Македонија да се развие во национално друштво кое добро функционира .

Постигнуваната и воспоставената добра соработка со партнерските организации се добар предуслов Црвениот крст на Република Македонија, да продолжи да имплементира разновидни проекти и програми финансирани од меѓународни донатори за повеќе ранливи категории на население во локалните заедници, како и за организациски развој на националното друштво. Програмските и проектни содржини обезбедени со меѓународна поддршка се интегрален дел на презентираните програмски дејности во овој документ.

Црвениот крст на Македонија остварува меѓународна соработка со повеќе меѓународни организации и национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина по пат на заеднички проекти, хуманитарни акции и размена на позитивни искуства. Примарна цел на меѓународната соработка е размена на искуства и имплементација на заеднички активности како и обезбедување на проектна и програмска поддршка за обезбедување услуги и опслужување на различни категории на корисници.

Меѓународната соработка на Црвениот крст на Република Македонија е насочена кон подобрување на капацитетите на националното друштво за поефикасно извршување на својата хуманитарна мисија во Република Македонија и светот во своите напори за обезбедување и укажување на помош за најранливите категории на население.

БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА
Потпишани договори за соработка

Црвениот крст на Република Македонија има потпишано протоколи за билатерална соработка со повеќе национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина кои ја уредуваат програмската соработка на националните друштва на национално и општинско ниво.

со Бугарски Црвен крст / Протокол за соработка потпишан на 16.09.1994
со Турска Црвена полумесечина / Протокол за соработка потпишан на 30.08.1995
со Романски црвен крст / Протокол за соработка потпишан на 25.09.1995
со Германски црвен крст / Протокол за соработка потпишан на 02.07.1996
со Шпански Црвен крст / Протокол за соработка потпишан на 20.03.1997
со Шведски Црвен крст / Протокол за соработка потпишан на 20.03.1997
со Албански Црвен крст / Протокол за соработка потпишан на 28.03.1998
со Црвен крст на БиХ / Протокол за соработка потпишан на 24.10.2002
со Црвен крст на Србија / Протокол за соработка потпишан на 16.01.2007
со Црвен крст на Бугарија / Протокол за соработка обновен на 30.05.2007
со Турска Црвена полумесечина / Протокол за соработка обновен на 28.05.2008
со Турска Црвена полумесечина / Протокол за соработка обновен на 08.04.2010

СОРАБОТКА СО МЕЃУНАРОДНИ ИНСТИТУЦИИ И ОРГАНИЗАЦИИ

Во рамките на спроведувањето на своите програмски активности Црвениот крст на Република Македонија остварува добра соработка со повеќе меѓународни институции и организации како што се дипломатските претставништва во Република Македонија, Меѓународниот Комитет на Црвен крст, Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, Високиот Комесаријат за бегалци, ECHO, USAID,UNICEF, UNDP, Project Hope и други.

[Курс за обука за организациски развој 2-6 октомври 2006 год, Будимпешта, Унгарија]
[29-та Меѓународна Конференција на ЦК и ЦП]
[15-та Балканска Конференција на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина 30.11.06 – 02.12.06 Мармарис, Турција]

< врати се назад