Крводарителство

Крводарителството во Република Македонија се темели на принципите на доброволност, анонимност, бесплатност и солидарност. Само ваквите принципи обезбедуваат посигурна крв и крвни продукти. Со самото дарување на крв, крводарителот изразува највисок степен на солидарност со сите оние на кои таа им е потребна, без оглед на возраст, пол, раса, боја, национална и верска припадност.

Со придржувањето кон споменатите принципи, Република Македонија ги исполнува сите поставени услови од страна на Светската здравствена организација и Меѓународната Федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

< врати се назад