февруари 23, 2024

КЛУБ ЗА ДЕБАТА

Во Црвен крст Охрид секогаш ги охрабруваме волонтерите да ги искажуваат своите мислења, ги мотивираме да ги разработат своите идеи, но и им помагаме да ги реализираат истите.
Токму така, овој месец, на иницијатива на волонтерката од Мировен корпус Danielle Hamilton и волонтерите од Клуб на млади Методија Стојаноски и Дарио Транталовски, во Црвен крст Охрид започнува со работа клубот за дебата за сите љубители на критичкото размислување, дискутирањето на важни теми и аргументирањето.
Истиот е планирано да се состанува во општинската организација каде заинтересираните млади ќе можат да дебатираат и да научат повеќе за основите на дебатата на англиски јазик во наредниот период.
Првата средба на клубот е овој понеделник (26.2.2024) во 19 : 15 во Црвен крст Охрид.
Ги очекуваме сите заинтересирани млади и ентузијасти да присуствуваат и така да станат дел од истиот .
 
 
 
 
< врати се назад