Социјални услуги – Нега Центар
Како лиценциран провајдер на социјална услуга, во рамките на Црвен крст Охрид ќе продолжи со
работа Нега Центар Охрид кој нуди услугите за помош и нега на стари лица и лица со попреченост во
домот. Основната цел на Нега Центар Охрид е да го подобри и одржува здравјето на корисникот во
неговото семејно опкружување како и олеснување во секојдневното функционирање на лицата со
попреченост.
Во рамки на Нега Центарот, Црвен крст Охрид ќе продолжи со организирање на верификувани
програми за образование на возрасни:
1. Обука за Неговател/ка за помош и нега на стари лица, и
2. Обука за Личен асистент на лица со попреченост.




