Дистрибуција на сликовници
Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид во изминатиот период дистрибуираше 177 сетови со сликовници за деца од 3-7 год на територија на општина Охрид и Дебрца. Сетовите се обезбедени од ЦКРСМ преку проект со Светска банка, а во соработка со Министерство за труд и социјална политика. Распределбата на сликовниците беше во согласност со претходно дадени списоци на деца од социјално ранливи категории, а дечињата добија сликовници на својот мајчин јазик, бидејќи истите беа испечатени на македонски, албански, турски, ромски и бошњачки јазик.
Целта на оваа активност за најмладите е со овие сликовници да ја поттикнеме љубовта кон пишаниот збор. Причина повеќе да останеме дома, во топло, читајќи да ја збогатиме нашата имагинација, а со тоа и да ги почитуваме мерките и избегнуваме групирање.