јули 4, 2022
ЦКА-ПХВ 2022 – Проект САШКА
Запознајте се со тимот кој преку програмата ЦКА-ПХВ изминатиов период работеше на проектот ,,САШКА”, со кој тие успеаа во создавање подобри услови за живот на тричленото семејство од Лескоец со:
Градење нова куќа
Плаќање заостанати долгови
Обезбедување храна и производи за лична хигиена на семејството
Овозможување редовни лекарски контроли за бебето
Правење целосна лекарска контрола на мајката, како и посета на стоматолог
Овој тим ја оствари својата цел – обезбеди мал и топол дом на едно сиромашно, но скромно семејство со мали можности и големи срца.
Потребните средства беа собрани со реализирање на најразлични акции во нашиот град:
Продажба на рачно изработени прстени и белегзии
Поетска вечер
Велигденски базар
Свирка на Плоштад
Проекција на филм
Хуманитарна забава
Искажуваме специјална благодарност до сите донатори кои ни помогнаа и овозможија овој проект да стане реалност, особено на госпоѓа Наде Дуклеска и сите хумани луѓе од Шведска, Америка и Австралија .
Волонтери:
Мартина Анастасијевска
Сара Петковска
Стефанија Битолкоска
Христијан Дончевски
Јана Ангелоска
Ангела Ѓуклеска
Ментор: Радмила Герасимова