Копче

Визија:
Ние се стремиме да придонесеме во создавањето на општество на одговорни граѓани со добри навики каде секој го вреднува она што го добива и секој придонесува во заедницата во која живее. Веруваме во потенцијалот и силата која секој поединец ја носи  и тука сме за да придонесеме во зајакнување и социјално вклучување на лицата во ризик преку активности за работи кои се стремат кон создавање на еколошки чиста средина.
Цели:
– навремено обезбедување на најсоодветна облека за лицата во ризик
– олеснет пристап до облека со ниски цени за лицата со ниски примања
– зајакнување на капацитетите на ранливи групи на население
– ефикасно искористување на вишокот облека заради придонес во зачувување на животнат средина
– создавање на навики за одговорно донирање и навики за одговорно трошење
– поттикнување и создавање на работни навики кај работоспособните социјално загрозени лица
– креирање на работни места кои имаат за цел да овозможат работна интеграција на ранливи групи население.
– промовирање на солидарност, хуманост и волонтеризам
Нашата приказна:
„Копче“ е проект кој го разви Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените. На годишно ниво Црвениот крст прима околу 20 тони донирана облека и помага на повеќе од 2000 лица во ризик на територија на град Скопје. Искуството и познавањето на потребите на луѓето на кои им помагаме од една страна и потенцијалот кои го имаме од другата страна овозможија да ја надополниме оваа прогама со нови содржини кои ќе овозможат повисоко ниво на функционирање што ќе значи задоволување на поголем број на потреби на граѓаните.
„Копче“ е проект создаден за да овозможи поефикасен систем на дистрибуција на облека до лицата во ризик, лесен пристап до облека со ниски цени за сите граѓани со цел да го зачува достоинството на оние кои имаат ниски пирмања, а не бараат помош, вработување на ранливи целни групи и придонес во зачувување на животната средина.
#НаправиПовеќе
https://www.facebook.com/kopce
Instagram: kopce.skopje   

Sorry, nothing to display.

< врати се назад