ноември 22, 2018
Борба против болести на зависност
Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид според годишниот календар на активности активно се вклучи во одбележувањето на месец Ноември на борба против болестите на зависност (алкохолизам, никотинизам, наркоманија).
Со цел да се подигне јавната свест и едуцираноста на населението на штетноста од овие болести, се насочивме кон одржување на едукативни работилници со Power point презентација во основните училишта во Охрид и Дебрца. Одржани беа вкупно 9 работилници во сите општински училишта. Опфатени беа 332 ученици од осмо одделение. Предавањата ги спроведе Д-р Соња Стурлакова Димовска, лекар и обучен предавач на темата Болести на зависност.