јули 9, 2024

АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН

Во овие жешки летни денови, продолжуваме со активности за превенција и заштита од топлотниот бран.

Волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид и изминатите денови беа на фреквентните јавни места во Охрид, каде на нашите сограѓани и туристи, им делеа вода и даваа корисни совети за заштита од топлотниот бран.

Акцијата ја помогнаа маркети Tamaro, уште еднаш истакнувајќи ја својата висока општествена одговорност.

Продолжуваме со активностите за грижа за здравјето на нашите сограѓани и во наредните денови, за времетраење на топлотниот бран.

Препорачуваме почитување и примена на препораките за заштита од топлиот бран❗

За време на најтоплиот период од денот (од 10ч до 17ч):

– избегнувајте напорни физички активности на сонце

– постојано внесувајте течности

– избегнувајте мрсна калорична храна

– носете светла лесна облека и заштитни очила и капа

< врати се назад