октомври 4, 2024

14 ГОДИНИ УСПЕШНА РАБОТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД

На денешен ден, пред 14 години во Црвен крст Охрид се одржа првиот час на Балканот и во Македонија, на интернационалната едукативна програма за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН.

Со гордост ја истакнуваме 14 годишната успешна работа на Центарот за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД, која се огледа пред се во посветеноста и професионалноста на нашите тренери, упорноста на децата кои ја следеле БОБ програма, како и поддршката на родителите.

Изразуваме голема благодарност до сите оние кои ја укажале довербата на нашиот центар и БРЕИНОБРЕИН програмата и придонесле, за овие изминати 14 години, преку 500 деца беа дел од Центарот за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД и ја следеа програмата, а 80 деца ја комплетираа целата БОБ програма, односно успешно ги завршија сите десет нивоа од оваа програма и кои како лидери во својата средина трасираат нови патишта за развивање на едно похумано и пеофикасно општествено живеење и делување.

Нашето 14 годишно искуство и резултатите од имплементација на Бреинобреин програмата ни дава за право да ги охрабриме родителите да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои преку техниките Абакус Ментална Аритметика (АМА) и Неуро Лингвистичко Програмирање (НЛП) ќе помогнат децата на возраст од 4-14 години да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно. Преку БРЕИНОБРЕИН програмата децата ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

Центарот за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД продолжува со своите активности и со новите групи на ученици кои деновие започнаа со следење на БРЕИНОБРЕИН програмата.

< врати се назад